Мигранти пронајдени во „ауди” во атар на село Добрашинци

120

Мигранти биле пронајдени во „ауди” во атар на село Добрашинци, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Вчера околу 18.15 часот на улица „Климент Охридски“ во Струмица, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „ауди“, но возилото не застанало туку се упатило кон село Василево и село Добрашинци. По преземени мерки возилото било пронајдено во атар на село Добрашинци и во него биле пронајдени три лица-мигранти(две од Бангладеш и едно лице од Ирак). Возачот побегнал од местото на настанот-велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...