Октомври е светски месец за подигање на свесноста за ракот на дојката и веќе традиционално, секоја година, здружението „Борка“ организира бројни настани со цел едукација и кревање на свеста кај граѓаните дека ракот е потенцијално излечива болест.
Отидовме во нивните простории со цел да поразговараме со некои од волонтерките во здружението кои поради личното искуство, како страдалници и победници во борбата со ракот, се најангажирани и најуспешни токму во давањето поддршка и кревањето на моралот кај заболените.
Пред 4 години имав можност да поминам неколку часа и да зборувам со една од нивните најактивни волонтерки, со струмичанката Атина Саздова, жена која поминала низ пеколот, но овојпат таа не беше таму.
Почитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.