Приведени женски лица кои забавувале гости во тетовско

185

Странски државјанки биле лишени од слобода по полициска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце, тетовско, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа околу 01.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово затекнале 11 женски лица кои ги забавувале гостите во објектот. Седум од нив биле од Република Србија, две од Албанија и две од Македонија. Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка-велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...