Стејт департмент: Силно го поддржуваме Договорот од Преспа

685

Поддршка за Договорот од Преспа и негова комплетна имплементација изразил функционер од Стејт департментот во изјава за грчкиот информативен портал Реал.гр.

На прашањето на дописникот на порталот од Вашингтон, која е позицијата на американската администрација во однос на планот Б на Панос Каменос, што наводно бил презентиран на неговата средба во Вес Мичел, функционерот го повторил ставот на САД, споменувајќи го и резултатот од референдумот.

– Јавно не ги соопштуваме деталите од нашите лични дипломатски разговори, но позицијата на САД е јасна: го поздравуваме резултатот од референдумот во Република Македонија на 30 септември, на кој граѓаните ја изразија нивната поддршка за НАТО и Европската унија со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Цврсто ја  поддржуваме целосната имплементација на договорот, кој ќе ѝ дозволи на Македонија да добие законска позиција во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија, придонесувајќи во регионалната стабилност, безбедност и просперитет – рекол функционерот од Стејт департментот за реал.гр, јави дописничката на МИА од Атина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...