Шест тони отпад собрани со акцијата за чистење во Припор и Усје

133

Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија, во Припор и Усје изврши целосно расчистување на сметот, соопштува портпаролот на Општина Кисела Вода Јанко Бацарија.

-Во овие месни заедници се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа. Покрај ова, се кастреа гранките на дрвјата, а се собираше и кабаст отпад. Со акцијата собрани се 6 тони смет-рече Бацарија.

Тој додаде дека активностите за чистење ќе продолжат да се одвиваат следната работна седмица во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...