Четврти ден се трага по Пепи

1778

Четврти ден трае потрагата по Пепи, Пертеф Назим, кој исчезна во вторникот и семејството сѐ уште не може да го најде.

Денеска потрагата по Пепи се стеснува во Влае, Ѓорче и околината каде последно е виден неколку пати вчера.

Се пребаруваат улици, паркови, клупи, влезови, кафулиња, пазари, бурекџилници, кафеани, подземни гаражи и други места каде човек може да се скрие, да легне да одмори.

Семејството апелира ако некој го види да го задржи и да се јави на телефоните 070 246 119 и 075 290 620 или во полиција, каде што е пријавено неговото исчезнување.

Последен пат е облечен во сини тренерки и пижами.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...