Повторно Хрватска против Англија, вечерва во судир во Лига на нациите

160

Лигата на нациите вечерва продолжува со нови интересни судири на терените на Стариот континент. Нови 7 дуели од третото коло ќе се играат денеска.

Големиот судир на вечерта е помеѓу Хрватска и Англија. За жал, домаќините се казнети и средбата ќе се одигра пред празни трибини. Ова ќе биде своевидно повторување на дуелот од полуфиналето на СП 2018 во Русија пред три месеца, кога „ватрените“ ги победија „трите лава“ со 2:1.

Друг интересен натпревар ќе биде оној помеѓу Белгија и Швајцарија. Во оваа фаза се чини дека двата тима ќе спорат за првата позиција во лигата „А“, група 2 и натпреварот може да биде клучен.

Фановите ќе посветат внимание и на средбата меѓу Австрија и Северна Ирска од лигата „В“, група 3. Двата тима се без бодови до моментов и не можат да си дозволат повеќе грешки, ако сакаат да задржат барем некакви шанси во битката со Босна и Херцеговина за првото место.

Лига на нации, 3 коло:

Лига „А“

Белгија – Швајцарија
Хрватска – Англија

Лига „Б“

Австрија – Северна Ирска

Лига „Ц“

Грција – Унгарија
Естонија – Финска

Лига „Д“

Молдавија – Сан Марино
Белорусија – Луксембург.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...