Челзи ќе ги испраќа навивачите расисти во логоторот Аушвиц

154

Раководството на фудбалскиот клуб Челзи размислува во иднина навивачите кои имаат расистички испади да ги испраќа во Аушвиц со цел да ги сфатат сопствените грешки.

Во лондонскиот клуб сметаат дека тоа би било поделотворно, отколку да им се забрани да доаѓаат на натпреварите, а иницијативата ја поддржува и сопственикот Роман Абрамович, кој има еврејско потекло.

Во Челзи веруваат дека посетата на концентрациониот логор и предавањата ќе помогнат за искоренување на антисемитизмот, кој е присутен меѓу фудбалските навивачи во Англија.

– Ако им забраните да не доаѓаат на натпреварите тоа никогаш нема да го смени нивното размислување и однесување. Вака им се нуди можност да сфатат што направиле и во иднина подобро да се однесуваат. Во минатото ги санкциониравме и со забрани од по три години, но сега ќе имаат опција да сфатат што направиле – истакна Брус Бак од управата на Челзи.

Лондонскиот клуб јавно критикуваше неколкумина свои навивачи за погрдното скандирање на натпреварот против Тотенхем во септември минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...