Новинар на ТВ21 излезе на терен за да провери дали навистина баба му на Антонијо Милошоски му се заканила дека ќе му ја скине главата доколку не гласа за уставните измени предвидени со Договорот од Преспа.
За потсетување, пред некој ден, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да се пошегува враќајќи на твит на еврокомесарот Јоханес Хан, во кој Хан напиша дека пратениците на опозицијата се под закани. Овој твит, потребно или непотребно, привлече многу внимание, па екипата на ТВ21 реши да ја побара бабата на пратеникот, за од прва рака да дознае дали навистина така му се заканила.