Екс претседателот на Форумот на млади на ГРОМ, Благојче Атанасоски, ја напушти партијата и формираше ново проевропско граѓанско движење Македонска опција за демократска акција – МОДА.
Новото движење тој празнично го најави и на неговиот Фејсбук профил на кое, како што пишува во соопштението, целта е борбата против корупцијата, како најгангренозна „рак-рана“ на македонското општество, која ги има зафатено сите општествени пори.
„Освен беспоштедната борба против корупцијата и организираниот криминал , МОДА ќе се залага и за промена на изборниот модел и воведување на една изборна единица со отворени партиски листи, за конечно македонските граѓани да имаат вистински избор на „народни избраници“, а не да бираат партиски послушници и поданици.
Промена на избор на Претседател на државата, наместо на непосредни избори, истиот да се бира во Собранието на Република Македонија со ¾ мнозинство. На тој начин , парламентарните политички партии и елити ќе изберат консензуален кандидат за претседател на РМ, и истиот ќе биде вистински „татко на нацијата“, одошто партиска продолжена рака како досегашните“, пишува во соопштението.
ОБНОВЕНО
До редакцијата на Плусинфо, во меѓувреме стигна реакција дека Благојче Атанасоски не е актуелен претседател на младината на ГРОМ, како што првично објавивме.