РТС: Заев веќе има мнозинство?

3998

Пред почетокот на денешната расправа во уставната комисија во македонското Собрание, 11 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се согласиле да ги поддржат уставните измени и така да обезбедат двотретинско мнозинство, објави Радио телевизија Србија РТС  во прилог под наслов „Македонија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ под притисок“.

Повикувајќи се на информации на телевизијата „Алсат-М“, РТС потенцираше дека владата на Зоран Заев успеала да обезбеди двотретинска поддршка за уставните измени и да избегне вонредни избори.

РТС, сепак, ги пренесе и тврдењата на високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека тие шпекулации се неточни и дека е „малку веројатно некој од пратениците да гласа спротивно на волјата на граѓаните на Македонија искажана на референдумот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...