Движењето БЕСА соопшти дека продолжува да гради мостови за комуникација со политичките партии во земјата. Денеска претседателот на БЕСА, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
„На оваа пријателска средба меѓу другото се дискутираше за актуелната политичка ситуација во земјата, потребните реформи, како и конструктивната улога која треба да ја имаат политичките партии воопшто. Движењето БЕСА и ЛДП изразија подготвеност да ја поддржат Македонија во спроведување на потребните реформи, членството во НАТО и ЕУ, како неопходни и витални процеси за земјата и за граѓаните воопшто“, се наведува во соопштението.
Следната недела Гаши се очекува да оствари средби и со другите претседатели на политичките партии во земјата.