Хелсиншки бара поблага мерка за Моника Ристовска

282

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека одредениот 30-дневен притвор на активистката Моника Ристовска, позната како Моника Конопова, не е неопходен за водење на кривичната постапка и препорачува други видови на мерки на претпазливост заради обезбедување на присуство во постапката за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“ – според член 215 од Кривичниот законик.

Хелсиншкиот комитет препорачува мерката притвор да се користи како мерка на претпазливост во исклучителни случаи, а не како репресивен механизам.

– Во оваа прилика потсетуваме и на неприфатливата селективност при одредување мерка притвор од страна на надлежните органи, особено во случаи на корупција и организиран криминал. Исто така, следејќи го светскиот тренд за декриминализација и легализација на употребата на канабисот, ја повикуваме Владата сериозно да ги земе предвид иницијативите за подготовка на нови законски решенија во оваа област, соопшти Хелсиншкиот комитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...