Со сите суштински идеолошки разлики со него како социјалдемократ и контроверзите од неговиот влог во режираната „шарена револуција”, сепак треба да се каже дека вчера Милчин јавно и без тактизирање ги фрли критиките што кон власта би требало да ги упати лидерот на опозицијата
– за името и уцените
– за Грција и уцените
– за неверувањето во Заев и неговата уценетост
– за немањето реформи
– за неспособноста на Бујар и Садула
– за фаличноста на законот за двојазичност
– за можни протести на разочараните граѓани.. , итн
Видовме дека лукаво и организирано ја превземаа власта. Сега, доколку Милчин и неговите истомисленици продолжат со категорични критики кон власта, а водството на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште „математички прецизно” тактизира, се плашам дека можат да ни ја превземат улогата и на опозиција.
Време е за став, без страв.
Статус на Фејсбук на Антонио Милошоски