Емилија Александрова: Немате мандат да го менувате името, ја урнисавте правната држава

1723

Никаде во вашата програма немате дека ќе го менувате името и Уставот и немате мандат да го менувате уставното име на Репубика Македонија, и порача пратеничката Емилија Александрова од ВМРО – ДПМНЕ на пратеничката Соња Мираковска која претходно ги повика своите колеги да гласаат за предложените уставни измени и да ја внесат Македонија во евроатланското семејство.

-Тука не се работи за чувства, ова е законодавен дом каде што работиме според Устав и закони, ја урнисавте правната држава, сакате да го урнисате и Уставот – рече Александрова додавајќи дека овој референдум е неуспешен и затоа не треба да се бара од пратениците да гласаат за промена на името и да не манипулираат со граѓаните.

Чуму ќе ни биде идентитетот кога џебовите ни се празни, велеше еден ваш пратеник, додаде Александрова во своето обраќање кон пратеничката Мираковска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...