Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство

1769

Поранешниот претседател на Собранието, а сега пратеник Трајко Вељаноски на Kомисијата за уставни прашања порача дека власта нема двотретинско мнозинство за измени на Уставот.

– Немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. Досега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех, продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот – рече Вељаноски.

Тој во свото обраќање ги критикуваше претходните потези на власта, односно дека опозицијата била исклучена од целиот процес.

Вељаноски порача дека иако се водела жестока пропаганда, македонскиот народ на референдумот ја победил пропагандата на власта.

Според него, договорот со Грција е незаконски, нелегален и противуставен, наметнат и склучен набрзина без потпис од Претседателот на државата и се уште не е објавен во „Службен весник“.

Вељаноски смета дека еден потесен круг во Владата решила да се занимава со менување на Уставот и да го претстави како прашање за национален консензус, посочувајќи дека во изминатитот период во врска со ова прашање не биле консултирани ниту граѓаните, ниту партиите, ниту пратениците, ниту претседателот на државата што, вели, доведе до дополнителна поделба на граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...