Тато сакам тротинет, чекај сине да видиме субвенции. Вака излегува. Или да се прошири точката или да се повлече од дневен ред, побара советникот Александар Трајановски денеска на седницата на Советот на Град Скопје на која на дневен ред е точката максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување електрични тротинети.
– Ја поздравувам иницијативата, но сметам дека се фаворизира еден производ – тротинет. Тие воопшто не се користат. Поголем дел од луѓето преферира велосипеди или скутери. Ова не е возило кое го има во секоја продавница. Не е голема разликата, од 550 до 700 евра за тротинет, 600 до 800 евра за велосипед или за скутер – рече советникот Трајановски од ГРОМ.
Други советници додадоа дека не е сезона за тротинети и како тоа е повеќе луксуз отколку потреба.
Со 39 гласа „за“, 1 против и 1 воздржан донесена е одлуката за доделување субвенции на граѓаните за купување електрични тротинет.