Во јануари не чека столчето во НАТО, интеграцијата не може да биде попречена од каква била закана, поткуп, уцена и сега е време да ја внесеме Македонија во Алијансата и во ЕУ. Максимално транспаретно и оговорно предлозите беа достапни за сите граѓани, рече премиерот Зоран Заев образложувајќи го предлогот за уставни измени.
Тој рече дека од досегашниот увидот и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениицте да се обеиднат околу стратешките цели на земјата.
Со решението на спорот со Грција, посочи, изградено е пријателство меѓу двете земји, а надминат е и дведецениски спор со што земјата се извлекува од изолацијата и се отвораат евроатлантските перспективи.
– Вашата одлука ќе ја испрати во историјата времената референца ФИРОМ. Придобивката е бесценета – зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност, гарантиран економски развој и просперитѕетна иднина на сите наши граѓани. Македонскиот идентитет е заштитен за век и векопв. Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – macedoian, без фусноти, признанен и прифатен и од нашиот јужен сосед Репубила Грција – рече Заев.
Тој додаде дека нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, кое е достоинствено и географски прецизирано – Република Северна Македонија.
– Во јануари не очекува столчето во Советот на НАТО веднаш откако ќе го потпишеме пристапниот протокол. За да го потпишеме ни треба спроведување на иницијативата за уставни измени во Собранието. Со тоа ќе ја оствариме една од највисоките стратешки цели на Македонија од независноста и ќе води кон наше членество во ЕУ рече премиерот.
Ова прашање, рече, не е лесно но на него се препознава лидерството и порача дека интеграцијата во НАТО и ЕУ не може да биде попречена од каква било закана или обид за зплашувања, поткуп и сл.
– Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред. Сега е време да ја потврдиме заедно одлуката од 1993 година според која членството во ЕУ и НАТО се наши заеднчкии и врвни стратешки прироритети. сега е време да се ефектуира декларацијата за члнество во НАТО што ова Собрание ја донесе во јули, годинава, со која пратениците покажаа дека е тоа врвен надпартиски интерес и дека за тоа прашање постои највисок граѓанаски и меѓуетнички и политички консензус. Сега сите пратеници без оглед на која партијата и припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните да го обезбедат патот кон ставбилност безбедност и економски проспритет а тоа е патот кон ЕУ и НАТО кој води преку македонско-грчкиот договор, рече премиерот Заев.
Македонија нема веќе генерации за губење, истакна премиерот и ги повика пратениците да се одважат, да го следат интересот на граѓаните и да ја прифатат историската можност, односно да донесат силна одлука што ќе ја поведа земјата напред.