Заев ќе го образложи Предлогот за пристапување кон уставни измени

673

На денешната седница на Комисијата за уставни прашања, Предлогот за пристапување кон измени на Уставот што дојде од Владата ќе го образложи премиерот Зоран Заев. Дали пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на Комисијата и кој ќе се обраќа, ќе се знае по координацијата на пратеничката група.

Присуство на уставната комисија потврдија опозициските пратеници Фадил Зендели, Сурија Рашиди и Иван Стиолковиќ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево не присуствуваа на седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, а на отворањето на Женската соба, што го направи претседателот на Собранието Талат Џафери, немаше ниту една од нивните пратенички кои се меѓу најактивните во Клубот на пратенички.

Првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието на Република Македонија треба да почне денеска напладне, додека пленарната седница е закажана за понеделник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...