Пешак тешко повреден од велосипедист

101

Жена пешак е потешко повредена откако вчера во неа удрил велосипед на улицата „Народна Револуција“ во Куманово.

Како што информира МВР, вчера во 19.15 часот било пријавено дека велосипед управуван од М.К.(18) од кумановското село Биљановце, удрил во пешакот Ј.Б.(68) од Куманово на улицата „Народна револуција“. Од ударот Ј.Б. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентниот центар во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...