Америка загрижена: Останува без странски работници, последица од одлуките на Трамп

Владата издава се помалку работни визи и од апликантите бара дополнителни информации, во исто време се почесто одлговлекувајќи го издавањето одобренија многу подолго отколку пред една година. Болниците, хотелите, технолошките компании и други бизниси велат дека мака мачат со недостиг на странски работници кои им се потребни.

399

Работодавачите велат дека поради зголемена бирократија се потешко им е на работниците да им обезбедат работни визи.

Удеј Верма и неговата сопруга Анамика Чандел одлучија по 12 години да заминат од Ајова во Торонто каде Верма ќе работи за една софтверска компанија,пишува Њујорк Тајмс.

Администрацијата на Трамп користи широка и нејасна мигрантска бирократија за да го запре приливот на странски работници во Соединетите Држави со создавање нови пречки со кои се ограничува легален влез на луѓе во земјата.

Владата издава се помалку работни визи и од апликантите бара дополнителни информации, во исто време се почесто одлговлекувајќи го издавањето одобренија многу подолго отколку пред една година. Болниците, хотелите, технолошките компании и други бизниси велат дека мака мачат со недостиг на странски работници кои им се потребни.


Во лабораторијата за патологија на Нортвел Хелта во Њујорк, докторската канцеларија е празна, микроскопот и компјутерот не се допрени. Новата специјалистла требало да почне со работа на 1 јули, но таа е заглавена во Пенџаб во Индија поради неочекувани проблеми со нејзината виза.

Американските работодавачи се загрижени дека ќе останат и без талентирани инженери и програмери кои ќе заминат во земји како Канада, која со добредојде ги прифаќа странските работници.


Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека планира да го намали бројот на бегалци на кои следната година ќе им биде дозволен влез во САД на 30.000, што е рекордно низок број. Минатата година тој потпиша извршна наредба да се „купува американска стока и да се вработуваат американски работници“.

Имиграциската служба вели дека Администрацијата спроведува реформи кои се засновани врз систем на „заслуги“. Но, работодавачите велат дека поради зголемена бирократија се потешко им е на работниците да им обезбедат работни визи.

Анализата на невладината истражувачка група Национална фондација за американска политика покажа дека стапката на одбиени пријави за визи што ги поднеле квалификувани странски работници се зголемила за 41 процент во четвртиот квартал од фискалната 2017 година во однос на третиот квартал.

Болниците тврдат дека им се потребни повеќе странски лекари кои се поподготвени од американските да работат работи кои се послабо платени, како што се интернисти или семејни лекари. Од 1.826 лекари на Нортвел, 165 имаат визи.

Ова лето Роб Херст (65) мораше да ги чисти бањите во хотелот кој го води во Масачусетс. Пет работнички од Јамајка кои со години работеле за него овојпат не добиле сезонски визи.

Странските работници исто така се фрустирани. Удеј Верма пред 12 години дошол во Ајова каде се стекнал со диплома за компјутерски инженер и работел за една технолошка фирма.

Верма (37), кој емигрирал од Индија ја обновувал визата додека го чекал статусот на постојан резидент познат како зелена карта. Тој, неговата сопруга и нивниот деветгодишен син планираат да се преселат во Торонто, каде тој планира да ја искористи иницијативата „Глобални таленти“, која канадската Влада ја почна минатата година.

Иницијативата им овозможува на компаниите да обезбедат визи за работниците со витални вештини. Верма доби виза за две недели и за шест месеци би можел да добие дозвола на постојан претстој.

Неговиот работодавач, производител на софтвер „Кира Системс“ има 115 вработени. Ноа Вајсберг, коосновач на компанијата, вели дека половина од нивниот технички персонал е од Кина, Индија, Русија и други земји.

– Климата која сега владее во Америка ни помогна да регрутираме луѓе – изјави Вајсберг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...