Синове Тау Молтсен е млада девојка од Данска, која минатата година за првпат беше во Македонија со своето семејство, родителите и помалиот брат. Нејзиниот татко Ерик, во 80-тите години студирал во Скопје словенски јазици такашто одлично го зборува македонскиот јазик. Неговото семејство од него слушало многу за Скопје и за Македонија па решија сите заедно да дојдат тука и Ерик да им ги покаже сите оние места за кои дотогаш само слушале. Освен Скопје, тие беа да го видат и Охрид и си заминаа со ветување дека повторно ќе дојдат.
Младата Синове која тоа лето токму во Скопје го прослави и своето полнолетство, 18.роденден, тогаш беше вегетаријанка, но во меѓувреме, станала и веганка, или како што уште се вели, строга вегетаријанка и последниве шест месеци целосно ги исфрлила од исхраната производите од животинско потекло. Токму како што вели и дефиницијата, односно, дека веганството не подразбира само специјален начин на исхрана, туку е и филозофија и стил на живот, и Синове го осудува секое искористување, мачење и убивање на животни, а истовремено, станала и дел од веганскиот активизам во Данска. Таа, заедно со своето момче и другите истомисленици, на пример, бдее пред данските кланици кадешто активистите ги запираат камионите кои ги возат животните на колење и се обидуваат барем, како што вели, да се простат од нив.
Интервјуто со Синове Тау Молтсен прочитајте го на порталот „Арт кујна“.