Протест „И јас сум Моника“ утре точно напладне

Здружението „Билка“ за утре во 12 часот закажа протест насловен „И јас сум Моника“, против, како што велат, прогонот на активистката за легализација на канабисот Моника Ристеска, на која денеска и беше одреден триесетдневен притвор.

525

„Ваквиот ригиден пристап на органите на прогонот и судот е НЕПРИФАТЛИВ и затоа ги повикуваме СИТЕ слободоумни граѓани, и оние кои се и оние кои не се уживатели на канабисот да дојдат на протест пред Основното Јавно обвинителство Скопје, на самиот Кеј на реката Вардар (карши терасите на кафулињата на кеј) со почеток во 12 часот со цел изразување на нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника. Излезете затоа што утре и Вас ќе ве апсат.И ЈАС СУМ МОНИКА, АПСЕТЕ МЕ!!!“, повика „Билка“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...