Манчевски: За сајбер безбедноста битна е соработката и со приватниот сектор

87

Во Европскиот месец на сајбер безбедност, кога ќе погледнам назад, навистина сум задоволен од постигнатото изминатава година. Особено што успехот постигнат во оваа област беше нотиран и од Европската Комисија, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на регионалната конференција на тема: „Сајбер безбедност: Соработка и размена на информации“, во организација на АЕК и Канцеларијата на ОБСЕ во Македонија.

Како што истакна тој, на работниот состанок во Подгорица, што се одржа вчера, повторно беше разговарано за можноста и спремноста на Македонија, да биде домаќин на првата регионална Акдемија за сајбер безбедност. Поддршката за оваа идеја Македонија има како и од земјите од регионот, така и од еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.

– Сајбер безбедноста не е само ИТ-тема. Од тука, за гарантирање на безбедноста соработката е клучна. Во наредниот период особено внимание ќе посветиме и на зајакнување на соработката меѓу приватниот и јавниот сектор со подигнување на едно ново, партнерско ниво. Соработката со приватниот сектор ќе овозможи безбедна средина за размена на информации, истражување и развој. Обезбедувањето на безбедна инфраструктура за размена на информации ќе го стимулира претприемништвото, а со тоа ќе ја поддржи конкурентноста на сите домашни компании и ќе ги заштити нивните инвестиции –  заклучи министерот Манчевски.

На отворањето на конференцијата се обратија и заменик-амбасадорот на Кацеларијата на ОБСЕ во Македонија, Џеф Голдстеин и директорот на АЕК, Сашо Димитријоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...