Премиерот Зоран Заев се надева дека Парламентот ќе носи историски одлуки и дека нема да се одложува процесот и да се губи време.
Ова тој го истакна денеска на дискусија на Форумот за граѓанско општество „Вклучување на граѓанското општество во Берлинскиот процес“.
– На целиот Балкан дојде ново време. Сите сфаќаат дека ѕидовите само го попречуваат подобриот живот. Политиката треба да ги прави чекорите. Изградивме мост со Бугарија, па сакавме и со Грција – рече Заев.
Тој додаде дека за 17 отсто е зголемена трговијата со Грција а за 12 отсто со Бугарија.