Денеска редовна седница на Владата

230

Владата на Република Македонија денеска од 13 часот ќе ја одржи 93-та седница.

На денешната седница ќе биде разгледана информацијата за потребата од изработка на Национална стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот.

Дел од точките на дневниот ред се и предлог стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020 година.

Министрите на седницата ќе дебатираат за информацијата во врска со потребата од активности за успешна реализација на Проектот Ф/П 1674(2009) за домување на социјално ранливи групи.

Министерството за транспорт и врски за денешната владина седница ја предлага информацијата за започнување на повеќегодишна јавна набавка на работи за изградба на водоводна мрежа за делот од Индустриска зона Визбегово, општина Бутел.

На 93-та редовна седница, Владата ќе ја разгледа информацијата во врска со акциски план за спроведување на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство (Истанбулска Конвенција) 2018 – 2023 година, со Акциски план.

Пред министрите денеска ќе се најде и предлог – уредбата за изменување и дополнување на уредбата за мрежата на здравствени установи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...