Гевгелискиот совет рече „не“ за уште едно двегодишно истражување на Кожуф

236

Советот на општина Гевгелија на денешната вонредна седница со 19 гласа „против“ даде негативно мислење за барањето поднесено од „Reservoir Minerals“ да продолжат деталните геолошки истражувања кај Конче на планината Кожуф во следните две години.

Пред да ја донесат одлуката, пред советниците се обрати управителката на концесионерот Даниела Бомбол која истакна дека компанијата ќе ги запази сите законски одредби и светски стандарди за заштита на животната средина доколку продолжат истражувањата или пак се отвори рудник.

Откако во расправата советниците оценија дека концесионерот немал суштински пречки во периодот од 2013 до 2017 година да ги заврши истражувањата, донесоа одлука за едностран раскин на договорот за концесија.

Од Советот на општина Гевгелија се надеваат дека Министерството за економија и Владата ќе го почитуваат ставот на советниците за давање негативно мислење на барањето, имајќи ги предвид и резултатите од референдумот на кој граѓаните на општина Гевгелија едногласно се изјаснија против рудници на планината Кожуф.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...