Триесет струјомери се запалиле во зграда во населбата Кисела Вода, вчера околу 14.30 часот, соопшти МВР.
Не се познати причините поради кои се запалиле броилата во зградата во улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.
Екипата на Бригадата за противпожарна заштита пожарот го изгаснала во 15.30 часот.