По долгиот молк по референдумот за Договорот за името, се огласи Европската Народна Партија, каде членува ВМРО-ДПМНЕ. Шефот на партијата, Жозеф Дол, твитна синоќа дека е разочаран од односот на нивната сестринска партија во процесот за името.
„Треба да се донесе важна одлука за иднината на поранешната југословенска Република Македонија и целиот регион во ЕУ и НАТО. Останувам разочаран од досегашната улога на опозицијата во процесот, конструктивноста мора да надвладее над бојкотот. Дијалогот меѓу оние на власт во ПЈРМ и опозицијата е потребен бидејќи ова е важен дел од демократијата“, напиша Дол.
ЕПП долго време одбиваше да реагира, извори во партијата велат дека имало обид за дијалог со ВМРО-ДПМНЕ.