ДПМНЕ е срам за Македонија

Мицко запамети, повикувај се на членовите на Твојата партија ДПМНЕ, тоа е „вашиот народ“ што е само што е помалку од 1/3 од целиот народ на Македонија! Само фашистите тврдат дека целиот народ стои зад нив и ги поддржува! Можеби и ДПМНЕ е од таква сорта!

3006

Партијата ДПМНЕ со референдумот се однесуваше така срамно, со лажење и на сопствениот народ и светските државници кои доаѓаа во Македонија, неодговорно, уценувачки барајќи амнестија за нивните криминалци, без никаква етика и морал, едноставно нивното однесување беше крајно простачки, несериозно и насилничко. Замислете, нашиот Мицко како што го Бог дал ја излажа гледајќи ја во очи најсилната жена на светот кацеларката на Германија Ангела Меркел дека нема да го бојкотира референдумот, а го бојкотираше! Тој е патолошки лажго, а Зоран Заев наивно верува дека со таков човек може да се постигне каков било договор. Дури сега Заев сфати дека со него нема договор, па почна директно да преговара со пратениците од опозицијата за уставните промени.

Ако се сеќавате кога се разговараше како да се формулира прашањето за референдумот Мицкоски предложи: „Дали сте за Договорот со Грција кој е многу штетен за Македонија?“. Или земете го сегашниот пример, со цел памет му предлага на премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, да се оди на избори, а после изборите да се формира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО со цел да ги истражи криминалите на оваа влада! Каков памет?! Со вакви недоквакани и несериозни барања човек треба да се запраша дали човекот е толку глуп и верува дека некој тоа може да го прифати или пак тоа го прави како заебанција со потценување интелигенцијата на противникот како селски Итар Пејовски итроштини.  

Во своето обраќање до Заев, Мицкоски на 8 октомври изјавува дека со самото тоа што Заев не се откажува од штетниот договор не ја почитува волјата на граѓаните и пораката кажана на референдум дека договорот треба да се отфрли! Кретенска работа! Мицкоски, на минатите парламентарните избори најголема излезност била 1.196.000 гласачи, а на референдумското прашање со „ЗА„ гласале 609.913 гласачи што претставува 51 проценти (609.9013 х 100 : 1.196.000), а тоа значи дека повеќе од половината од народот е за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со поддршка на Договорот. Нели математиката Ти е јака страна, само можеби логиката Ти е искривена или пак, не знаеш да примениш процентна сметка! Штета за еден универзитетски професор да знае виша математика а да не знае процентна сметка! Плус на тоа, Заев пред референдумот јасно стави до знаење дека доколку половината плус 1 глас од тие што ќе излезат на гласање гласаат „ЗА“, тогаш процесот ќе продолжи преку институциите. Млад си бре Мицко за да Те фатила склероза! Што се однесува до повикување на бојкот, го повикувам Јавниот обвинител да покрене кривична постапка против Тебе Мицкоски според член 373 од Кривичниот закон. Доколку тоа не го направи Обвинителството по службена должност тоа ќе го направиме ние граѓаните затоа што преку глава ни’ е Твоето неодговорно и злосторничко однесување против државата и народот!

Понатаму, Мицкоски го повикува Заев да избере страна, а тој Мицкоски одбрал да биде со народот и Македонија! За кој народ зборуваш бре Мицкоски, за оној поделениот „Твој народ“ оној што бојкотираше или за „патриотите“  што ја „одбранија“ Македонија во 2001 година?! Да се разбереме, „Твој народ“ е само членството на ДПМНЕ, кое се согласува со политиките на Твојата Партија која е против влез на Македонија во НАТО и ЕУ за Македонија да биде изолирана балканска државичка и по Твое мислење е кога ќе дојдете на власт (на куково лето!) да крадете, подобро кажано да пљачкате, да убивате и затворате неистомисленици, да воведете автократско, диктаторско и фашистичко управување без контрола од никого! Не заборавајте, кога стално се повикувате на народот тоа ме потсетува на фашистичка Германија кога Хитлер исто така се повикуваше на народот. Тоа нема да се случи Мицкоски, зошто „нашиот народ“ оној на Зоран Заев кој е двотретинско мнозинство во Македонија тоа нема да го дозволи. Мицко запамети, повикувај се на членовите на Твојата партија ДПМНЕ, тоа е „вашиот народ“ што е само што е помалку од 1/3 од целиот народ на Македонија! Само фашистите тврдат дека целиот народ стои зад нив и ги поддржува! Можеби и ДПМНЕ е од таква сорта!

Од 2015 година до сега, верувам и понатаму додека ДПМНЕ постои како партија, Вие и не сте партија со некаква идеологија туку злосторничко здружение со главна цела по секоја цена, не бирајќи средства само да дојдете на власт, употребувате бруталност и насилство каков беше случајот на 27 април кога сакавте да го убиете Зоран Заев и да изведете државен удар за да ја задржите власта, власта ја користете за пљачкање на пари од буџетот преку тендери, провизии, рекет и на многу други испробани начини. Кога сте пак во опозиција како сега, правете невидена деструкција и опструкција за да го парализираат парламентот, а сега со Договорот со Грција силно го бојкотиравте референдумот и безобразно лажевте дека со Договорот бил изгубен националниот и јазичен идентитет што напротив беше во наша корист, лажевте дека државата ќе пропаднала (!), ние Македонците ќе сме се самоубиле(!) и ред други небулози со кои го труевте народот за да го бојкотира референдумот. Нешто невидено! Зар со ова партијата ДПМНЕ не ви наликува на партија со шовинистички фашистички доктрини! Мицкоски Ти и Твоето раководство на ДПМНЕ немате грам срам, ниту совест дека сте направиле огромно зло на Македонија.

Да бевте малку храбри, а не големи кукавици и плашливци, немаше да го бојкотирате референдумот, нека народот излезе масовно и да гласа  „ЗА“ или „ПРОТИВ“ со што точно ќе се знаеше дали е исполнет цензусот и колку гласале „за“ а колку „против“ и реално ќе се знаеше дали референдумот бил успешен или не. А вака Мицкоски Ти и Твоите другарчиња и она младото брадесто професорче немаше сите тие што бојкотираа и апстинираа да ги броите како гласови „ПРОТИВ“! Мицкоски во животот само храбрите добиваат и се ценат, а кукавиците како Вас никој не ги цени, напротив кукавиците претставуваат отпад од народот што стално губат!

Партијата ДПМНЕ, ако воопшто може да се нарече партија, за цело време додека владееше и сега како опозиција, посебно со последните случување со бојкот на референдумот служејќи се со лаги кон странски високи државници од светски ранг, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел, лаги и невистини за Договорот со Грција, манипулација со народ, разни недоквакани барања, несериозност и незрелост, политичка некултура, политички аматеризам и што е најважно ДПМНЕ направи велепредавство на националните интереси на државата со невлегување на Македонија во НАТО и ЕУ со што е осудена Македонија на изолација а народот на невидена сиромаштија, ПАРТИЈАТА ДПМНЕ Е ГОЛЕМ СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Бранко Тричковски во својата колумна „Македонија мора да се соочи со својата трагичност“ пишува: „Владата како најодговорна за вкупните состојби во државата, да го следат примерот на Ванхојте и, многу одамна светлиот пример на господинот Тричковски, и да побараат од Уставниот суд да ја оцени уставноста на Внатрешната македонска револуционерна организација – демократска партија на македонско национално единство (во натамошниот текст: Злото) со барање да се прогласи за антиуставна категорија и да се забрани, со сите правни, политики и имотни последици што од таа одлука можат да произлезат.„ И понатаму: „Да сумираме: Не можете да имате и ВМРО и држава. Дали се разбираме, бе, Македонче“!

Мој заклучок: Се согласувам потполно со Бранко Тричковски. Ако имате штеточини, како бубашваби, глувци, стеници и други штеточини во куќата што би направиле со нив? Сигурно ќе ги уништите да не Ви прават и понатаму штета. Така и со ДПМНЕ,  која и прави огромни штети на Македонија и народот, треба да се онеспособи да прави штети, а ако тоа не е возможно треба да се уништи…

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...