Куќен притвор за вработен во МЕПСО поради примање поткуп

509

Јавен обвинител од Штип, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, донесе наредба за спроведување на истрага против скопјанец, вработено во МЕПСО. На осомничениот му се става на товар дека сторил кривично дело – Примање поткуп, соопшти Јавното обинителство на Република Македонија.

​Осомничениот како вешто лице побарал и примил 2.000 евра за заверување на веќе изготвено економско – финансиско вештачење. На 6 октомври по претходен договор осомничениот ги примил обележените банкноти од пријавителот, по што по интервенција на овластени службени лица парите се пронајдени кај осомничениот и тој е лишен од слобода, стои во соопштението.

Осомничениот е во куќен притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...