Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки и дополнување на Уставот на Република Македонија е достапен на веб-страницата на Владата и до него се пристапува со овој линк.
Додавање на придавката Севрена во името на Република Македонија, измени во Переамбулата на Уставот, односно при наведување на државно-правните традиции ќе се внесе повикување на првото заседание на АСНОМ со конститутивни одлуки, т.е. одделно ќе се именуваат сите одлуки на АСНОМ, поцврста гаранција за границата -трајност на границите и суверенитетот и грижа за Македонците и дијаспората во странство, без мешање во суверените права на други држави, се четирите предложени суштински промени во Уставот.
За сите предложени точки, во документот постои и детално објаснување за причината за предложените измени на Уставот.