Бошњаковски: Четири суштински измени на Уставот ќе испрати Владата до Парламентот ВИДЕО

На прашањето дали веќе е обезбедено двотретинско мнозинство за измени на Уставот, портпаролот на Влада рече дека по расправата во уставната комисија во Собрание, на пленарна седница ќе се види дали ќе го има потребното мнозинство.

276

Додавање на придавката Севрена во името на Република Македонија, измени во Переамбулата на Уставот, односно при наведување на државно-правните традиции ќе се внесе повикување на првото заседание на АСНОМ со конститутивни одлуки, т.е.  одделно ќе се именуваат сите одлуки на АСНОМ, поцврста гаранција за границата -трајност на границите и суверенитетот и грижа за Македонците и дијаспората во странство, без мешање во суверените права на други држави, се четирите предложени суштински промени во Уставот.

Ова на попладневната прес-конференција го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски, откако Владата на вонредна седница во 16 часот донесе одлука за пристапување кон измени на Уставот. Единствена точка на дневниот ред на денешната владина седница беше Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

– Владата е овластен предлагач на овие измени и заклучи да ги достави пред Собранието. Од пратениците се очекува одлука. Народот направи важен избор, мнозинството поддржа едно прашање, една визија, која е на чекор до остварување. Оваа визија сега е во рацете на секој пратеник. Сите пратеници имаат историска должност да го обезбедат патот на Македонија кон НАТО и кон ЕУ, кој води преку Договорот од Преспа – порача владиниот портпарол.

Бошњаковски рече дека како Влада го започнале процесот и очекуваат, следејќи го гласот на народот, пратенците од утре да се изјаснат.

По завршување на прес-конференцијата, предлогот за пристапување кон измени на Уставот ќе биде ставен на веб-станицата на Влада.

На прашањето дали веќе е обезбедено двотретинско мнозинство за измени на Уставот, портпаролот на Влада рече дека по расправата во уставната комисија во Собрание, на пленарна седница ќе се види дали ќе го има потребното мнозинство.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...