Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не сакаше да ја коментира денешната пресуда од шест години затвор во случајот „Тенк“ на СЈО.
По завршувањето на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“, таа пред медиумите рече дека сѐ што имала, кажала во завршните зборови.
Пресудата, рече таа, ќе ја коментира во жалбата до Апелациониот суд.
Јанкулоска денеска не дојде во судницата да ја слушне пресудата, а на рочиштето „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување рече дека не се чувствува виновна.