Судот и изрече забрана на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да го напушта живеалиштето односно Скопје.
Таа пред неполн час беше осудена на затвор од шест години во случајот Тенк за набавката на мерцедесот.
Ваквата одлука следува откако барање упати обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи. Таа рече дека Јанкулоска заслужува притвор, но поради нејзината состојба односно поради бебето побара поблага- забрана за напуштање на живеалиштето. Причината за ваквото барање, наведе Фетаи, е опасноста од бегство.
Јанкулоска од претходно како обвинета во Титаник, веќе имаше одземен пасош и обврска да се јавува еднаш неделно во судот.