Тотална фабрикација

2075

Појавувањето на Чавков на премиера на филмов на Бојаџи, како и бурните реакции на вмровците ми е само потврда на сомнежот дека приказнава со жртвава режисер е тотална фабрикација.

Опозицијата си создаде своја жртва на демек режимот. Ова е лоша и шашава власт, но уште не е режим, за жал ги користи остатоците од режимот, не го досуредува режимот, но режим не е.

Проблемот не е само што опозицијата со својата деструкција создава и кого поддржува, какви автори, кои продуцираат какви срања. Доволно е само да се потсетиме на Жугиќ или актуелниот член на ИК, Тони Михајловски.

Проблемот е и што ќе им дозволиш да фабрикуваат. Е па таа нетактичка, глупава, и насилна реакција од Министерство за култура, министерот и неговиот ентураж, произведе услови за еден очигледно глуп и штетен филм, и неговиот автор да добијат на популарност, а потоа и да глумат жртви.

Гледате, ВМРО сака со културно насилство да ги наметне своите идеи, и кога тие ќе бидат отфрлени, макар и трапаво, спремна е да произведува демек дисиденти и жртви. Сѐ додека има глупандери, тоа што е штетно, наместо да го укинат институционално, да го направат популарно.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...