Мими, Милева, Македонка, Мара…

Тој што мисли дека може да се изгуби идентитет, тој веќе го има изгубено, продадено, заборавено… Таквиот човек се срами од кондурите во кои го минал целиот свој живот!

1450

Менуваше калливи обувки со чисти, кога доаѓаше од околината – на провод во град.

Се претставуваше како Мими, а се викаше Милева.
Тоа „Милева“ го искористи да влезе во „квота“ на УКИМ – на финта „Србинка сум“!

Не гледаше телевизија, оти сериите ѝ имале прекомплициран, неразбирлив заплет. Ја збунувале и потоа ја болела главата.

Дедо ѝ, кој умрел од последици здобиени при мачење во бугарски затвор, го
прогласи за Бугарин за да добие бугарски пасош. Се омажи за Белгија или Франција, не знам точно…

Се врати во Македонија, оти во Eвропа се случува превработеност – особено во
нејзината струка – проституција. Ќе умреше од беда, ако еден Албанец не ѝ купи билет за назад. Не бараше ништо за возврат, само, кога ќе стаса, и од него да ја бакне земјата во која се родиле, домот негов – Македонија.

Кога се врати, она Мими го смени во Македонка. Во груевистичките штабови просперираше со својата „професија“, таму не беа толку пробирливи. Извонредно напредуваше!

Како што е нормално за секоја демоН-христијанска проститутка, стана голем верник,
мразеше „шиптари“, не пропушташе митинг на Грујо. Дури го истетовира неговиот лик
на газот…

Со надгробен крст со името на Заев, даде „интервју“ за вести на Алфа!

При напад на Собранието, стана терорист – тогаш и годеше да ја викаат Мара
(веројатно поради Мара Бунева?).

Често ми пишуваше на ФБ – дека лично ќе ме обеси на плоштад. Сега е вработена во циркусот „Бојкотирам“, како „телохранител“, прави ајвар и вари
гравче. Во слободно време е и „уметник-артист“, изведува „традиционални танцеви“
по скопските улици.

А во ист контекст, држеше и ќе држи – трогателни говори за големиот старогрчки
војсководец Александар Велики и за губење на идентитетот.
Говорите редовно ги завршува со: „Европа е курва!“ (?!?) и „Името не го даваме!“
(?!?)
И сè уште не е свесна дека идентитетот мошне лесно, дури и задолжително, се губи,
кога срамејќи се од тоа што си ти – ги менуваш обувките на коцката кај „селската
автобуска станица“… А не ако на името на својот дом се додаде „северна“.

Не сфаќа, целото тоа „друштвенце“ тоа не го разбира, а не го разбираат оти тие,  најискрено, немаат идентитет (го немаат она што е душата на идентитетот) – го
изгубиле, или го продале, а притоа, да не ни знаат што продаваат…Идентитетот е длабоко внатрешно самочувство за себе самиот, мнозинство од такви
самочувства, збирно, е идентитет на еден народ!
По мене: Тој што мисли дека може да се изгуби идентитет, тој веќе го има изгубено,
продадено, заборавено… Таквиот човек се срами од кондурите во кои го минал
целиот свој живот!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...