Кој е ненормален во Комисијата за земјоделство?

3620

Претседателот на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство Димитар Стевананџија ја прекина комисиската расправа откако пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска го нарече ненормален. Стојчевска негира и тврди дека не го навредила колегата од ВМРО-ДПМНЕ туку дека рекла оти ситуацијата на комисиската расправа е ненормална, а не Стевананџија.

Стевананџија чека Стојчевска јавно да му се извини за да ја продолжи комисиската расправа.

Повеќе пратеници меѓусебно зборуваа кога заменик-министерот за земјоделство Благе Цветковиќ почна да го образложува предлог-законот. Стевананџија на два пати ги замоли присутните пратеници да не зборуваат, а потоа реагираше и пратеничката од СДСМ Татјана Прентовиќ, која замоли тие повторно да бидат опоменати. Во тие моменти Стојчевска неформално, без вклучен микрофон, упати навреди кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оди бе ненормален еден – ми рече колешката од СДСМ Стојчевска. Чекам јавно да ми се извини, па ќе закажам продолжение на комисијата.

Стојчевска ни изјави дека не го навредила претседателот на комисијата.

– Таман работа. Не му реков на Стевананџија дека е ненормален, туку дека ненормално тече седницата и не може да се следи расправата. Тој подолг период има нешто лично против мене – вели пратеничката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...