ТРАГЕДИЈА Двајца починати на полумаратонот во Велс

226

Две лица кои трчаа на полумаратонот во Кардиф, Велс, починаа по завршувањето на трката, соопшти организаторот на „Трчај за Велс“.

Според англиските медиуми смртта кај 20-годишниот и 30-годишниот тркач е застој на работа на срцето.

– Ова е огромна трагедија. Најдлабоко сочувство за нивните семејства и пријатели. Сите оние кои учествуваа на трката се потресени, изјави за Би-Би-Си Мет Њуман, извршниот директор на хуманитарната организација „Трчаме за Велес“ (Run 4 Wales).

Имињата на починатите не се објавени.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...