Додик, Џаферовиќ и Комшиќ прогласија победа на изборите во БиХ

Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ изјави дека одѕивот на вчерашните избори на ниво на БиХ е 53,56 отсто, додека во Република Српска - над 57 проценти.

402
ФОТО: Твитер

Милорад Додиќ во трката за српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина освои најголем број гласови – 55,15 отсто од гласовите на граѓаните, додека Младен Иваниќ доби 41,98 проценти од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на БиХ врз основа на гласовите од 43,42 отсто од избирачките места.

Во трката за бошњачкиот член на Претседателството најголем број гласови освои кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА), Шефик Џаферовиќ – 37,97 проценти од гласовите, додека хрватскиот претставник Жељко Комшиќ доби над 49 отсто од гласовите.

Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ изјави дека одѕивот на вчерашните избори на ниво на БиХ е 53,56 отсто, додека во Република Српска – над 57 проценти.

Зад Џаферовиќ е кандидатот на Социјалдемократска партија (СДП), Денис Беќировиќ со 33,40 отсто, додека на трето место е кандидатот на Сојуз за подобра иднина (СББ), Фахрудин Радончиќ – 12,35 проценти од гласовите.

Независниот кандидат Мирсад Хаџикадиќ освои 8,55 проценти, Сенад Шепиќ – 6,13, и Амер Јарлагиќ – 1,59 отсто од гласовите.

Во трката за член на Претседателството зад Комшиќ е Драган Човиќ со освоини 38,66 проценти од гласовите,

Кандидатот на ХДЗ 1990 Дијана Зеленик освои 6,92 отсто од гласовите додека кандидатот на Наша партија Борис Фалатар – 3,23, додека Јерко Иванковиќ Лијановиќ – 1,72 проценти од гласовите.

ФОТО: EPA-EFE/FUAD FOCO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...