Лукашенко: Тепањето со камшик може да биде и корисно за детето

628

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјавил дека физичкото казнување може да биде полезно за воспитувањето на децата.

Како што пренесуваат западните медиуми, Лукашенко нагласил дека лично е против физичкото казнување на децата, но дека „некогаш тепањето со камшик може да биде корисно за детето“.

Белорускиот претседател навел дека често го казнувал постариот син, а тоа била добра лекција и за помладиот.

Тој на новинарите им соопштил дека е потребно уште да се работи на законот со кој ќе се криминализира насилството во семејството.

Лукашенко смета дека Белорусите треба да се придржуваат до својата традиција, а не да преземаат „бесмислици од Западот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...