Бугајски за „Побједа“: Москва го гледа Скопје како ново руско упориште

904

Американскиот аналитичар Јануш Бугајски оцени дека Скопје е ново руско упориште на Балканот и дека Кремљ смета на тоа дека Македонија може да стане нова Република Српска.

– Ако се блокира македонскиот пат кон западните институции, националните тензии ќе се зголемат во целиот регион, а Кремљ ќе инвестира дополнителна енергија за да ги загрози кревките демократски достигнувања во Западен Балкан, а ЕУ и НАТО ќе бидат се подалеку – вели Бугајски во изјава за „Побједа“.

Тој додава дека нискиот одѕив на референдумот го довел во прашање Договорот со Грција, но и отворената врата од НАТО и ЕУ.

– Доколку Договорот не е поддржан, земјата ќе биде повеќе изложена на етничка радикализација, регионална нестабилност и мешање на Москва. Единствениот излез на Заев може да биде повик за предвремени избори во ноември, иако тоа само по себе претставува ризичен предлог, со оглед на тоа што националистите се охрабруваат од бојкот на референдумот – вели Бугајски.

Тој нагласува дека ако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи постигнат договор за промена на границите, некои албански лидери, како на Косово, така и во Македонија, можат да видат можност за понатамошна етничка хомогенизација, поврзување на територии.

– Национализмот, сепаратизмот ќе ја направат земјата многу ранлива за влијанието на Русија – оценува Бугајски, додавајќи дека Москва во Македонија гледа свое упориште за борбата против НАТО и ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...