На седницата на Централниот одбор на ДОМ, претседателката Лилјана Поповска ги замоли колегите да не ја предлагаат за претседател, соопшти партијата.
„Таа останува на својот став, искажан уште на претходниот конгрес пред четири години, а повторен повеќе пати во изминатиот период, дека тоа ќе биде нејзин трет и последен мандат на таа позиција“, се наведува во соопштението на ДОМ.