Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за полуфиналето од Купот на Македонија.
Актуелниот освојувач и бранител на трофејот, Пелистер, ќе излезе против Академија Пандев, додека во вториот полуфинален меч за место во финалето ќе спорат Шкендија и Ренова.
Во првите средби домаќини ќе бидат Пелистер и Шкендија.
Финалето во македонскиот куп оваа година се игра на 9 мај.
Двојки за полуфиналето во Купот на Македонија:
ФК Шкендија – ФК Ренова
ФК Пелистер – ФК Академија Пандев
Термини за одигрување на натпреварите:
14.03.2018., среда, 14.00 | прв натпревар
11.04.2018., среда, 16.00 | реванш натпревар.