На избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот на 30 септември, гласале 331 гласач или по еден на секои 5,4 секунди.
На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи или по еден на секои 20 секунди.
На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласаче 199 избирачи или по еден на секои 9 секунди.
Сега, кога страстите после гласањето се смирени, би било добро организаторот на референдумот да објасни како е можно да се гласа со ваква брзина. Зашто, противниците на референдумот вака докажуваат дека во гласачките кутии се уфрлени околу 50.000 гласачки ливчиња.
Ова прашање сепак заслужува одговор. И тоа – сериозен.