Надзорник од штипскиот затвор уапсен за поткуп

286

Кривична пријава против надзорник во Казнено поправен дом во Штип за „примање поткуп“ поднесе Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Б.Б. (30) од Штип вработен како службено лице надзорник во Казнено поправен дом Штип во текот на септември годинава од осудено лице побарал 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон на осуденото лице иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало Наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.

Осуденикот пријавил кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. Вчера пријавениот примил 150 евра од осуденикот, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода.

Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “Примање поткуп” казниво по член 357 став 1 од КЗ на РМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...