Ако дојде до отворање на уставните промени, движењето БЕСА со кое раководи Биљал Касами, најави дека ќе дадат предлози за унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија, како втора по големина етничка заедница.
– Сметаме дека е историски момент, ако се отвори прашањето за уставните промени, Движењето Беса ќе даде конкретни и концизни предлози за унапредување на уставните права на Албанците, како втора по големина етничка заедница во Македонија – рече претседателот на партијата Абдуш Демири.