Од 7:30 до 11 часот утре ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со улицата Аминта III (фонтана „Лотус“) и улицата Љубљанска (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.
Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.
Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот Св. Климент Охридски, а потоа по булеварот Партизански одреди. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот Партизански одреди.
Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица Љубљанска ќе бидат пренасочени на терминалот на улица Манапо. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица Манапо ќе продолжат по улица Карпошово востание, улица Бледски договор и потоа ќе продолжат по булеварот Партизански одреди.
„Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација“, се вели во соопштението од Град Скопје.