Пратеникот Илија Димовски денеска преку Твитер го обелодени својот став за тоа дали ќе гласа за уставните амандмани. Тој забележува и на жестоката кампања која се води против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ниту размислувам, ниту ќе размислувам. Мојот став е кажан уште додека сум бил носител на листа на изборите. Напротив, во кампањата предупредував на тоа дека ќе дојдеме до тука, за жал многу граѓани не поверуваа. Нема да гласам за промена на Устав, напиша тој.
Димовски во друг твит додава:
Во ред е тоа, но целата кампања спрема пратениците на ВМРО е погрешна и не помага на нив. Помага на некој друг. Тие луѓе имаат достоинство. Трпат многу.