Државната видеолотарија на Скопје трча 10 километри

„Секој километар значи“ е насловот на трката која ги обединува сите кои се општествено одговорни, сега со примарна цел да се помогне на младинците од СОС Детско село, соопштија од Државна видеолотарија.

108

Во недела ќе се реализира трката „Скопје трча 10 километри. Државна видеолотарија на Република Македонија како општествено одговорна компанија го препозна хуманиот карактер, па реши да даде свој придонес. „Секој километар значи“ е насловот на трката која ги обединува сите кои се општествено одговорни, сега со примарна цел да се помогне на младинците од СОС Детско село, соопштија од Државна видеолотарија.

– Државна видеолотарија заедно со Државна Лотарија на РМ ќе дадат свој придонес кон реализирањето на основната цел, собирање средства за изградба на Младинската куќа во СОС Детското село, во Радишани. Тимот на Државна видеолотарија го препозна потенцијалот на овој убав настан кој во себе ги обединува спортот како начин на здрав живот и хуманоста за младинците од СОС Детското село.
Нашата екипа ве поканува сите заедно да бидеме дел од овој убав настан, кој силно веруваме дека ќе успее да ја достигне својата основна цел. Екипите на Државна видеолотарија на РМ и Државна Лотарија на РМ ќе бидат позиционирани со свој штанд на местото од каде трката ќе започне. Ве покануваме и вас да се вклучите и дадете свој придонес во овој убав настан, стои во соопштението.

Почетокот на „Скопје трча 10 километри“ е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, а и самиот финиш ќе биде на истата локација. Трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.
Во недела, Ве очекуваме на „Скопје трча 10 километри“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...